ЧЛEНАРИНА
Секој ЧЛЕН на клубот е должен да плаќа месечна членарина во износ од 500 денари.
Членарината се плаќа од 01 до 10-ти во месецот. Доколку не се плати во предвидениот рок, се плаќа два пати повеќе односно 1.000 денари.
При тоа секој НОВ ЧЛЕН задолжително поминува курс за спортско качување, кој трае 4 викенда. По завршување на курсот, членот стекнува лиценца спортски качувач и е попноправен член на клубот.
За време на курсот кандидатот има на располагање инструктор и соодветна опрема, како јаже за качување, појас за качување, комплети и заштитен шлем. По завршување на курсот членот треба да си набави лична опрема за качување - појас и патики за качување и торбичка за магнезиум.

