Голем Турчин - Шар Планина

Има лошо време, има лоши услови, но што се случува кога планината ќе те покани да влезеш длабоко во нејзините прегратки! Епа длабоко и возврајќаш со нејзиното величење и обожување. Има ли зборови за тоа.. секако нема... но има длабоки мисли, кои ќе ги памтиш долго, а ако го псоделиш со своите пријатели, мислам дека тоа чуство геометриски се зголемува. Епа, Шар Планина ова ни го овозможи [сместена е во северозападниот дел на републиката, зафаќа повшина од 1600km. 56,25% од самиот масив и припаѓа на Република Македонија. Нејзината должина изнесува 80 km, а широчината од 10 до 25 km. Шар Планина настанала за време на алпиското набирање во текот на терциерот. За време на дилувиумот таа била зафатена со активна глацијација, така што во нејзиниот релјеф денес се среќаваат повеќе циркови, валови и моренски материјал.Најпознати врвови на Шара се: Tрчин (Титов Врв 2748 m), Мал Турчин (2702 m), Бакрдан (2700 m), Љуботен (2499 m), Ливадица (2491 m), Пирибег (2524 m), Езерца (2604 m), Чаушица (2640 m), Бистрица (2540 m).] Самата помисла дека одиш на некој планински врв е боженствено. Но ова беше повеќе дружење на луѓе кои го сакаат боженственото. Собрани во 2 коли, обични смртници се движат кон бесмртните планински врвови. Планината стои, ние се движиме. Таа ни ги отвора прекрасните видици, ние и возвраќаме со нашите погледи. Некој ужива во тишината, некој ужива во погледот, некој во синјакот на тревата... а некој и трча да стаса погоре и побрзо ... но сите сме тука, на падините на планината. Ни недостасуваја птиците, можеби и овците на пасиштата, на некои тоа им беше како помисла на Шарпланинец, а не некој од нас и како барање на шуварите на таа планина. Првите чекори тешки, но земјата се завртува побрзо и ги донесува сончевите зраци до нас. Крвта поцнува да циркулира побрзо... и ете не на Церипашина. Од тука само убавина... Можеби е оваа патека што ја одбравме една од најубавите на Шара. Не смее да се заборави и патеката од Лешница, преку Џини Бег до Турчин (изгледа овај врв со секоја нова власт го менува и името. Турчин, Титов Врв, и последниот кој ни го кажа домарот беше Киров Нос :). Сепак нашата е зимска патека, но со прекрасно есенско време. Поглед во бескрај, ја глеедаш цела Шара, а под незе ниски облаци, бело море, рамница, и по некој остров, Јакупица со Караџица, Кајмакчалан, Кораб, Проклетие. Пред нас првите снегови. Но тоа се само острови од снег. Бели острови во шарените ливади. Над нас сино небо, оолу нас врвовите, местата на боговите и на смртниците кои се осмелиле да им се приклуцат во нивната осаменост. Врв до врв, Црн врв, Шути врв, Карабунар, прекрасниот и величенствен врв Бакрдан и на крај Турчин (секако Голем Турчин, Мал Турчин ни остана желба да го искачиме, но секако има стално и друг ден). Незнам зошто, но јас го сакам повеќе исконското име, вековното име на врвот Турчин. На помислате дека си сам со боговите на тој врв, сваќаш дека има и сеште идат обични смртници. Ние 9 мина (Моте, Марјан, Леа, брачен пар Ненад Радевски и Ана Тримовска, Тања, Маја и Мартин, Коко) и уште 10тина други. Но ете от таму стига глас - „чичко Мотеее“! Знаеш дека е тоа Игор, кој можи да е друг :) СКК Екстрем изгледа има отворен ден за на Турчин. Изгледа дека Шар Планина не собра на тој врв. А ние како и вративме. Па некој со некој убав збор, некој со фотографија, за вјек и вјекова, а некој со мисла дека пак ќе се врати но по некоја друга патека, и ќе го сподели одново задоволството со планината и луѓето на неја.

0 коментари: