Качување пукнатини, Бабин Заб, Прилеп

Kатенка до Youtube, видео клип После дожд, доага сонце. После долго мирување, можеби 10 години, качувањето се враќа во прилепска општина. Имаше неколку мигови кои Прилеп го отстрани од качувачките центри од Македонија, но за среќа старата слава ќе мора одново да ја гради. Враќањето на качување карпи низ Прилеп се врати благодарение на ентузијазмот на Битолските качувачи, и оние кои го подзаборавија тој локалитет подолго време. Можеби суровоста и гранитот кој малку е поинаков од сите останати карпи во Македонија беше одбивноста за негово не качување. Прилепската школа беше школа на суровоста. Прво пешачиш долго, па после качиваш насоки кои не се оклинчени, качуваш најчесто традиционално, и секако ако, најдеш добри пукнатини качуваш со осигурување одозгора. Тука е и болдерот (качување проблеми на мали карпи), како и качувањата и движењата кои се правени на ѕидините на Марковите Кули. Оваа сезона се искачија и повеќе нови насоки, особено од СКК Вертикал од Битола(кои искачија во пола година 9 нови насоки со должина поголема од 1 јаже), Игор Талевски и на табарот на Остра Карпа од Зоран Мајсторски од Радовиш (Радовишки Директ). Но остана непозната една карпа која е сокриена од очите на качувачите. Тоа е карпата Бабин заб, која се наоѓа на падините на Селечка планина, над селото Селце, во близина на врвот Мечка. Таа е качувана од старите прилепски алпинисти, кои први ја откриле. После тоа беше заборавена, се до едно прекрасно утро кога со покојни Славко, при прошетка на тие места ја откривме. Не ни се веруваше кога во незе најдовме и стари војнички клинови. Отогаш започна и нашето дружење со таа карпа. Ја нарекувавме - карпата над Селце, се додека еден овчар не ни го кажа името, Бабин Заб. Од јужната страна е околу 25м максимум, северната страна која е цело време под сенка е околу 15 м. Карактеристично е што од северната страна има 4 пукнатини кои се протегаат до самите краеви на забот. Јужната страна е полесна и качувањето се извршува по традиционален начин, до нејзиниот врв. Има направено 2 сидришта со биени клинови, но пред 10 години и повеќе ние качувавме со префрлување на сидришта преку забестите делови. Сидриштата се за качување со осигурување одозгора (топ роп) за северната страна. Досега качувале таму качувачи од страта прилепска школа, јас покојни Славко и Дејан Арсоски кој живее сега во Астралија, а овај викенд и Вања, Марио, Гого, Кузето како и Јове Белакапоски. Можат да се изработат околу 10 спортски смера со различна должина и тежина. Во договор со Битолчани договорено е да се направат 4 сидришта за северната страна и можеби за западната, на која има и еден помал таван. Инаку се работи за гранитна структура (поточно базалт), и начинот на качување е баш во гранитен стил, пукнатини, камини, тавани ... кои завршуваат до самиот врв од забот. При последното одење се искачуваја 2 пукнатини, со осигурување одозгора, и тоа централните 2. Досега немаја име, и сеуште немаат. Некои насоки се качени, некои сеуште не, но секако како што спомнав предходно, искачени се со осигурување одозгора.Изводливо е качувањето со чокови и френдови(но од најголемите). Едната од овие две централни пукнатини, која ја качувавме доби и име - Смрдливка (при чистењето на патеката, најдовме муви смрдливки под самите камења). За викендод 11 октомври, 2 дена беше посетен Бабин заб, и мислам дека остави добар впечаток кај качувачите. 3-от ден беше болдерот на Марови Кули. Сеуште низ прилепско има карпи кои треба дасе посетат и да се провери нивната качувачка моќност, како што се локалитетите над селото Дабница (во подножјето на Трескавец), па потоа Борула (која е од десната страна од превојот Дервен (по стариот пат Прилеп- Велес, кога че дојдеш кај манастирот Св Ѓорѓи се врти во десно), и некои други помалку познати. На овие локалитети веќем постојат и стари традиционални смерови, кои се искачени пред 40 години. п.с. Имаме и добри информации, се надеваме дека за брзо време ќе се изгради и вештачка карпа во Прилеп, и конечно ќе се врати качувањето во градот кој има и генетска основа за тоа :), а ги има можеби и најдобрите услови во Македонија. Сето тоа е овозможено благодарени на Градоначалникот на г. Прилеп Маријан Ристески, и Агенција за млади и спорт на Р. Македонија. Им благодариме.

0 коментари: