Саботно утро наменето за качување по карпа. Но утрото се претвори во жежок ден, кој заврши со пороен дожд. Но се почна предходниот ден, која со Марјан зборувавме и сакавме да си ја оствариме желбата да качуваме на Матка по смеровите К1, К2, К3, К4. Но домашниот есап на пазар не излегува. Испадна дека чоковите ифрендовите ми се дадени, а чеканот сеуте ми е во Тетово, а утрото останавме и без другиот чекан, кој остана во Демир Капија. Сепак отидовме на Матка да качуваме смер од повеќе должини на јаже. Изборот го направивме под самата карпа. Владо замина на новогодишен, а јас и Марјан одлучивме да влезиме во Матка Лева, и на 2 цуг да олулучиме по кој смер ке одиме. Се накитивме со опремата што ја носевме, дури Марјан инсистираше да ги земеме и ранците. И така направивме. Се свое носевме со нас :) После 10 години, или поточно од 1999 год, од припремите за Хималаи, немав влезено во тој смер. Пред 10 години имавме целодневно и целовечерно искачување по Матка (24 часа искачување), а вечерното беше на Матка лева со префрлување на висечки мост од другата страна, абзел долу, и така цела вечер. Првиот цуг го водев јас. Пред нас во карпата беа влезени во наврска Мики, Никола и Алојз на 1 јаже. Си правевме муабет, се зафркававме, и ги користевме за совет каде оди Матка Лева и каде се сидриштата. Првото сидриште е на 60м, така што тој што е подолу треба да се подискачи за да достигни јажето. Добро е оклинчен. Вториот дел го водеше Марјан. На самото сидриште по мал разговор одлучивме да качуваме по Циго. Тргна Марјан на десната страна, под плочата. Одеше малку лево од клиновите. Малку мрази Марјан плочи, но без проблем ја помина. Ред беше и на мене. Одамна немав поминато така убаво некоја насока, и одамна се немам подсетено како е убав кањонот на Матка од висечки позиции. Во меѓувреме си пеевме песни со Никола од АК Матка, а Мики правеше фотографии со мобилен( така наречен дебилен апарат, моја забелешка:) Без проблем дојдовме до кутијата, и тој дел е некаде 40м. Третата должина на јаже ја водев јас. Во десната страна, низ жлеб излегуваш на мал превис, па по гребенот до врвот. Пред да тргнеме Марјан рече дека ќе е задоволен ако сме го искачеле за 2ч. и 30 мин. Згреши за 10 мин :). На врв ги сретнавме браќата Сашо и Гоце. Не наговорија влеговме и во спортската насока Првут (6б+, спред Марјан кој е автор на оваа насока). Дојдоја Јован Попоски, Игор и Пајо од Новогодишен. А Јове не зезаше за тоа што сме "домавувале" со искачување на спортскиот смер. Прикаската на крајот завши на Матка Централа, Чарло Чаплин. Со мака се искачи од Марјан, а јас на осигурување одозгора со мака дојдов до 4 клин, и најнормално се откажав :) Ако мислите дека е крај овде не. Епа после 3 сати седевме во домот, да помини невремето од ветер и дожд. Прикаската продолжува, Нено е упорен да се качат сите смерови оваа година на Матка. Епа евему уште еден повод после свадба да ги качи сите смера. Аирлија нека му е.


0 коментари:
Испрати коментар