Остра карпа, како и секогаш сурова и негостопримлива. Уште од самото доаѓање ме пречека како и секогаш со проблем, имав тобоган по карпите на кои се цеди вода. се возев 30тина метри. Ова беше за добре дојде да не заборавам на кој локалитет сум :) Откако помина воведот со Ненад влеговме во големиот оџак на Жикино окно. Но предходно се намачивме да направиме пат за да влеземе во смерот. Премногу шипје и трнје, боцки. После беше полесно, и поубаво. Првите чекори додека ми текни како е смерот беа проблематични, но после одеше како подмачкано. Се менувавме во водство со Ненад Радевски. Малку ненад и позираше, манекен прав на мајка :) На слегување се мислевме кој смер да го качиме, дали Камински или Мајсторот. Со нас беше и Карло, планинар од Прилеп, КОј сакаше да не гледа, па се одлучивме за Мајсторот. Влезот се направил со мов, малку тешко но тргна. Отука по пукнатината нагоре. Јас помал па си се заглавував целиот во незе, а ненад од надворешна страна. Ме послуша да не влечка ранци, освен патики за симнување. Тесна е пукнатината. До првиот цуг, нема проблеми. Но сватив дека на времето сме качувале со 35м јаже, така да сидристе е на 30м. Ненад води 2 должина на јаже. На Димевите полици одмараме трошка и тргнувам на кај Орловото гнездо. Но таму од гмездото ни траг ни бутур. Одувано од ветар, а Ненад вика кај гледам гнездо таму. Се сеќавам дека на времето со френдови тој дел го качувавме, но сега има 2 кајли, од кои излгеуваш на плоча. Тие клинови стојат откако е направен смерот, па не би сакал на нив никој да падни. Не ни знам какви се. Тој дел е и најтешкиот (7-, УИАА). Има само 2 мали забчина, нога вадиш во левата пукнатина, и влегуваш во жлебот. Тука се заглавуваш и одиш на горе до сидриште. Кој сака можи по оџакот кој нема осигурување никакви до самиот врв. Направивме фотки некои, но јажето за абзел кое стоеше на времето со војнички карабин, веќем го немаше. Знам дека Кузето кажа дека тие префрлале бело јаже, но ние не го видовме. Па преминавме на старата техника, префрлување пола јаже околу големиот камен, и спуштање по него долу. Се потсетив како се качува гранит и како е негостољубива карпата, која не трпи грешки. Во меѓувреме имаше и други искачувања на овај локалитет, дури и нова насока Радовишки директ. Се надевам во наредниот период ќе се довршат и 2те недосикачени насоки, а ќе се качува и на Стогот, во кој има една насока со има Коњско јаже. п.с. Ова е напишано по повод свадбата на Ненад. Со ум нека ја тера работава од сега па натаму, и да има повеќе негови качување на овај локалитет. Мотески http://www.facebook.com/photos.php?id=617294278#/album.php?aid=107381&id=703008853


4 коментари:
22 Јуни, 2009 3:23
Ejjj Motka, fala ti za cestitkite... Blagodarenie na tebe zenata mi ke ja nosam na MAJSTORO... do gore neli :)))
22 Јуни, 2009 3:28
Ај честито свадба! Да не куртулите од среќа исполнета со деца и пари. За качувањето немам коментар, супер сте во комбинција, не знаеш кој погласно зборува така да си одговарате за долги насоки.
24 Јуни, 2009 1:26
А бе лесно правам со тебе, имаме мобилен сега, ако нашиот "тивок" глас не допре до секое уво :) Битно е да е ситно :)
24 Јуни, 2009 10:34
:))) najvazno e da se slusame gore vo planinjeto, nali
Испрати коментар