СРЕКНИ ПРАЗНИЦИ

Малку планинарење :)

Викенд на Шар Планина, Љуботен…

Виктор 3-то место во тежинско и болдер ... Браво

Трофеј Белград во спортско качување На 5-ти и 6-ти ноември во белград се одржа такмичење за деца во спортско качување, болдеринг и брзинко ...

И каде сега за нова година ... хмм!?

Сетики ...

Две недли под турско ропство :)

Епа еве не ...

ЕКСПЕДИЦИЈА ТУРЦИЈА

Нашите клубски асеви Моте, Марјан алиас Мацан, Томи агрегат, Димуш-ац и Душица денеска тргнаа со аааавтомобил уффф, накај Анталија. Таму ќе престојуваат 2 седмици. Очекуваме од нив да ги искачат сите тур.. пардон насоки и да ни се вратат со многу искачени насоки . Исто така нашиот доајен Моте со неговиот верен партнер Мацан треба да се вратат во ракав со 7б насока, а Томи треба да изненади. Како и да е ќе го пратиме нивното патување, доколку не известуваат. Поздрав до екипата и само напред!

Грција продолжен викенд - Темпи, Метеора, Моузаки

Ичи и Маја низ Грција ...

Вежбална Џамбаз

Од денеска 04.10.2011 започнува со работа Џамбаз...

Свечено отворање на вештачката карпа Вардар

Денеска во 11.30 свечено се пушти во употреба најубавиот вештачки ѕид и најголем на балканот "Вардар" Ајде многу качувања и шампини да излезат! Аирлија нека е

8a од сопругата (54) и 8b+ од сопругот (59)

Летиција Титта Коломбо, која ја искачи својата прва 7а на 40 години и нејзината прва 8а на 43 години. Пред тоа на поглед ја искачи Завинул синдакате 7с(+) на Калимнос и дузина насоки со оцена 8а и потешко. Нејзиниот сопруг Фарнческо Сегафредо (59) искачи 8b+ во Спрелонга. План за оваа есен им е патување на Калимнос и Гејикбари.

Првенство на Југо Источна европа и Атомска Мравка

Поздрави од Кленов

Поздрави од Александар Кленов со новата животна сопатничка.

Болдер натпревар

Среќна нова година

Конечно проблемите со веб страницата се средени. Среќна и успешна нова година ви пожелува ЕКСТРЕМ.

Нова вештачка карпа

ВИДЕО И ФОТО презентација

Белград Трофеј 2010

По 5 пат и оваа година се одржа отвореното Првенство за деца до 12 години Трофеј на град Белград. Македонците за жал учествуваа со двајца натпреварувачи и тоа од нашиот клуб Екстрем. Натпреварот се одржа во два дена и тоа сабота 6 Ноември беше тежинско и брзинско, а во неделата 7 Ноември беше болдерот. На тежинското се качуваа 2 насоки, а на болдерот имаше 10 болдер проблеми. Нашите најмлади Екстремисти беа меѓу најдобрите и тоа Виктор Трповски 2 место во Пупил категорија и Давид 6 место во цицибани. Честито !!!

Кленов на Демир Капија

Денеска нашите руски пријатели Александар Кленов и Андреј Торопов пристигнаа во Демир Капија. Од утре започнува акцијата за отворање нови насоки за спортско качување. Првите насоки ќе се отвораат на десната карпа над првиот тунел. Жолто кафена карпа со висина до 30м. Бормашините од Скопје, Битола се спремни, експанзиони клинови се набавени и акцијата започнува. За Македонија со многу спортско качувачки насоки !!!

Експедиција Тодра, Мароко

Стигнавме, се качувавме и се вративме, од МАРОКО бре луѓе! Мароко беше секогаш во мислите на постарите од Екстрем. Нашите патувања беа инспирирани од нашиот гуру часопис за качување “Grimper” кој не водеше, каде да патуваме и да качуваме. Така беше и овој пат. Заминавме во Тодра. Тодра е кањон долг 6км, во Мароко, на 365 км оддалеченост од Маракеш, градот под Атлас. Кањонот нуди можности за сите качувачи, кратки насоки, долги насоки, оклинчени, неоклинчени, различни стилови итн. Екстремистите беа Владо, Марта, Зоран алиас Пуци алиас Колибри, Марјан и Моте. Патувањето започна од Софија, па преку Милано до Маракеш. Од таму со рента кар кола до Тодра. Покрај нас беа и нашите пријателчиња од “Но Лимитс“ Струмица, Кирца и Билјана и од “Вертикал“ Битола, Горан, Вања, Стево и Ема. Браво за сите !!!

Годишна Rock & Roll чурка со џогери

Драги наши и ваши... Поради големиот "интерес" кој го пројавите за вчерашната свирка, ве поканувам сите на денешната свирка во џамбаз со овај прекрасен бенд ... Повелете, секогаш ваш Моте

Екстрем на Метеора

ПО 5 години пауза Екстрем повторно на Метеора и тоа старата школа со новата генерација. Значи тимот составен од Владо, Лиде, Марјан, Ѓоре(камп менаџер, Цеце(камп евиденција), Ана(без мана), Ичи и Здравко, престојуваше на Метеора од 7 до 10 Септември. Како што е и обичај прво се качи насоката Амбарија со тежина 4-/5+/5-/3+, со која секој новодојденец се запознава со чудната карпа Метеора. По ова следуваше качување на една од најпознатите насоки во Метеора, која Патрик Бероу ја качува со префрлање во шпага стил од една на друга карпа. Оваа насока беше големо качувачко крштевање на Здравко и Ичи(тимот од соништата). Како и да е, супер провод, супер качување и повторно е отворен патот кон Метеора за помладите генерации.

Моте - 7а !!!



Желбата на Моте конечно се оствари. Моте ја качи насоката Ич-ебана во Демир Капија...

Екстрем во акција

На 24 Април во Волос се одржа Балканското Првенство во спортско качување. Како дебитант и големо појачување на МКД репрезентација беше нашиот Ичи кој денеска на 27 Април на роденденот на клубот го слави и својот роденден-честито !!! Тој го освои 3 место во брзинско и со тоа ја започна својата натпреварувачка кариера. Инаку Екстрем со своите членови Виктор, Стефан, Давид и Ичи е дел од МКД спортско качувачка репрезентација, која растури кај нашите политички фрустрирани соседи, Грците во Волос. По натпреварот во неделата следеше качување на природна карпа покрај море со мирис на сол и оригано, а најмладите се измија во морето и ја започнаа капачката сезона-како вика онаа поговорката кога нешто правиш “на Турчин треска мене здравје“ епа на здравје клубски другари и да ние честит денеска 17от роденден на нашиот клуб. Поздрав и само качувајте!

Маткино трло (26-28.03.2010)

Маткино трло, една мистична мала карпа која е есенско/эимски/пролетен предиэвик. Сместена на јужна страна, која сонцето ја гали со сета своја силина ни овоэможува прекрасни рано пролетни искачување.

Болдер Маратон Крали Марко / Прилеп

19-21.03.2010 Прилеп. Спиење во шатори (освен ако не си Прилепчанец).